Ван дер Сар до Тен Хаг: Мислев дека си чуден, но ги надмина сите очекувања

од Vladimir Zorba
289 прегледи

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар му посака успех на „Олд Трафорд“ на новиот менаџер на клубот Ерик тен Хаг.

Ван дер Сар моментално е извршен директор на Ајакс, каде се уште тренер е Тен Хаг.
Во средата вечерта, великанот од Амстердам триумфираше со титулата во Холандија.

„Ерик, понекогаш мислев дека си чудна личност, но ги надмина сите очекувања. Тимот доминира, стигнавме до полуфинале во Лигата на шампионите, освоивме титули во првенството“, изјави поранешниот голман на прославата по повод триумфот.

„Сега нè напуштате поради клуб кој ми е близок на срце. Ти посакувам се најдобро таму. Благодарам, Ерик тен Хаг“, додаде Ван дер Сар.

Тренерот го напушти Ајакс по 4,5 години во кои освои шест трофеи.

Слични содржини