Селекторот на холандската репрезентација Луис ван Гал изјави дека претстојната пресметка со соседите Белгија ќе ја искористи за подготовка за Светското првенство во Катар. Тој во Брисел ќе проба нова тактичка опција за својот тим. „Белгија е втора на светската ранг-листа, а ние сме десетти. Затоа ќе играме против посилен тим кој е на многу високо ниво“, изјави Ван Гал.
„Секогаш играме за да победиме, но овој натпревар ќе ни послужи главно во подготовките за Светското првенство. Се е направено за оваа цел“, призна селекторот.
Холандија ја победи Данска и ремизираше со Германија во март. „Трениравме да притискаме поинаку. Белгија игра поинаку од Данска и Германија и бара поинаков тактички пристап“, рече тој.
„Подобриот тим ќе победи, но тоа мора да биде тимот со подобри играчи. Затоа повикав поголема група играчи на крајот на сезоната. Да видиме различни играчи и да видиме дали имаат место во нашиот состав за Светското првенство. Изборот за Катар ќе се базира на квалитетот, но и на менталитетот“, додаде стручњакот.
Мемфис Депај и Вирџил ван Дајк оваа недела изразија изненадување што Жоржињо Вајналдум беше надвор од терените пет месеци пред Светското првенство. Фудбалерот од средниот ред оваа сезона не играше редовно за Пари Сен Жермен.
„Доколку Жоржињо се врати во старата форма, тој дефинитивно ќе биде со нас. Секој има право на свое мислење, но мислам дека Мемфис не е назначен за тренер за да направи избор“, тврди Ван Гал.