Се уште нема позитивна политичка одлука за новиот Изборен законик. Посредникот Питер Ван Хауте денеска попладнево на преговарачите од секоја партија одделно, им го поделил предлог текстот на изборниот законик, скроен од меѓународни сиперти. Вечерва тој повторно ги седнал на иста маса. како што дознава локално.мк сега партиските преговарачи ги даваат своите мислења.
Постетуваме рокот определен во договорот од Пржино помина пред шест дена.
Во досегашните преговори СДСМ бараше пратениците од дијаспората да се избираат со најмалку 80 % од гласовите со кои се избира пратеник во шестте изборни единици во земјава. Владејачката ВМРО – ДПМНЕ пак сака да остане актуелното решение.
Албанскиот блок партии пак бараат зголемување на прагот со кој треба да биде избран еден пратеник во дијаспората.
