Белгискиот посредник Питер Ван Хауте, денеска изјави дека не важат веќе крајни рокови и по вчерашните преговори се поставува прашањето дали учесниците сакаат договор.
Според него пролонгирањето на преговорите и пробивањето на роковите го загрозува одржувањето на предвремените парламентарни избори во Македонија закажани за април наредната година. Ванхауте додава дека ако не се дојде до компромис Македонија ќе се соочи и со остри реакции од Вашингтон и од Брисел.
Главната дискусија е за слобода на изразување со оглед на предлогот за забрана за објавување на „бомбите“.
За слобода на изразување не се преговара,посочи Ван Хауте.
