Ван Хојт менува стратегија- бидејќи нема резултати, одсега ќе има само индивидуални средби со претставниците на партиите

од desk3
90 прегледи

Посредникот во партиските прегвори Питер Ван Хојт ја менува стратегијата за дискусија со партиските претставници. Се решил  да прави притисок, бидејќи со овој начин на дискусија нема да се запазат роковите за избор на спец-обвинител.

houte1

Во петокот, на последниот состанок на партиите Ван Хојт ги инфиормирал претставниците дека се менува форматот на разговорите и дека нема повеќе дебата во работни групи. Им посочил дека на наредниот состанок ќе стартува со индивидулани средби со секоја од работните групи одвоено.

Нема информации дали ваквиот притисок ќе биде насочен кое одреден преговарачки тим, или кон сите.
Несогласувањата меѓу најголемите македонски партии е што ВМРО-ДПМНЕ бара да се именува еден обвинител со таква функција, а СДСМ бара тој да биде сместен во посебно обвинителство, со заменици и потребниот стручен кадар.