Ван Перси го советува Јунајтед да го привлече Кавани

од Vladimir Zorba

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Робин Ван Перси смета дека совршен стрелец на „црвените ѓаволи“ би бил Единсон Кавани. Ван Перси, кој го предводеше Јунајтед до титулата во Англија во 2013 година, го гледа Кавани како одлична опција за напад на тимот.

На прашањето кој треба да биде привлечен од „Олд Трафорд“, Ван Перси рече: „Единсон Кавани. Јас дефинитивно би тргнал по Кавани. Тој е многу солиден, докажан стрелец, гол машина. Тој тоа го докажа тоа во Наполи, ПСЖ и Уругвај“.

„Со него, ако тој е еден од носителите, ќе добиете 25 голови на сезона. Го гледав како игра, се соочив против него. Тој живее да постигнува голови, па јас би се фокусирал на него“, додаде Ван Перси.

Слични содржини