Украина протестира пред Русија по вандалска акција против украинската амбасада во Москва и конзулатот во Ростов на Дон оваа ноќ. Само пред еден ден сличен протест упати Русија кон Украина за нанесување на штета на рускиот конзулат во Харков, објави Ројтерс.
Нападите врз дипломатските мисии ги нагласуваат долготрајните тензии меѓу двете земји.
Руските медиуми информира рано утринава дека околу 100 луѓе фрлале јајца по украинската амбасада во Москва и дека напаѓачи ги искршиле прозорците со тули и безбол палки во конзулатот на Украина во Ростов на Дон во јужна Русија.
РИА “Новости” објави повикувајќи се на украинската конзулат во Ростов дека конзулатот може да биде затворен за неколку дена, бидејќи има многу скршени прозорци и канцелариска опрема.
“Ние инсистираме руските власти веднаш да започнат широка истрага, строго да ги казнат одговорните и да ги компензираат за материјалните штети”,се истакнува во соопштението на украинските власти.
Во петокот руското МНР објави протестна носот со барање да се спроведе истрага во врска со нанесени штети врз рускиот конзулат во Харков, откако вандали фрлале јајца и шарале на зградата во четвртокот.
