314
ЈП „Паркови и зеленило“ инфомира дека регистрирално акт на вандализам во Градскиот парк. Според претпријатието уништени биле три дрвени клупи.
-Изминатиот сончев викенд ја зголеми посетеноста во Градскиот парк што придонесе нашите екипи да соберат еден полн камион со отпадоци кои посетителите ги оставија зад себе.
Како ова да не беше доволно, утрово наидовме на три фрлени клупи во езерцето во Првиот дел на паркот по што веднаш ги извадивме , додека во Вториот дел затекнавме превртена мобилна тоалетна кабина.
Упатуваме АПЕЛ до сите граѓани да не фрлаат ѓубре и совесно да ги користат и чуваат парковските елементи при посета на парковите и да се грижат за природата која е од огромно значење за сите нас, соопштија од „Паркови и зеленило“.