Вандализам во Ново Лисиче: Дупнати гуми на 34 автомобили на паркинг!

Вкупната материјална штета е проценета на околу 11.000 евра

од Nikola Popovski
70 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Сител Тв

Oткако дел од граѓаните од Ново Лисиче се разбудија денес со избушени гуми на своите автомобили без никаква причина, Министерството за внатрешни работи соопшти дека вкупно триесет и четири патнички возила биле оштетени на паркинг на булеварот „АСНОМ“, а вкупната материјална штета е проценета на околу 11.000 евра.

-Денеска (28.12.2025) во СВР Скопје  е пријавено дека во периодот од 23:00 часот на 27.12.2025 до 09:00 часот на 28.12.2025 на паркинг простор на бул „АСНОМ” е извршено оштетување на 34 патнички возила со вкупна материјална штета од околу 11.000 евра, наведуваат од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.