Синоќа паметниот споменик на виртуелниот Григор Прличев во центарот на Охрид бил вандализиран и онеспособен од функција. Според проф. д-р Анис Сефиданис, кој со години работел на споменикот, непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите.
-Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само искривувања да нанесат на истите. Случајот беше веднаш пријавен во МВР Охрид, при што екипа направи увид и ќе ја проследи постапката до Јавното Обвинителство, информира Сефанидис.
Споменикот е времено надвор од функција.
Проф. Сефанидис истакнува дека активно работи заедно со Општина Охрид на негово рестартирање како и со безбедносните служби за негова заштита.