Ванеса Редгрејв нема да глуми со Кевин Спејси во неговиот „кам-бек“ филм

од Stefanija Kuzmanovska
393 прегледи

Ванеса Редгрејв нема да се појави „кам-бек“ филмот на Кевин Спејси „The Man Who Drew God“. Имено, актерката, која беше планирано да глуми во остварувањето на нејзиниот сопруг Френк Неро, сепак одлучи да не биде дел од овој проект.

– Иако имаше шпекулации дека постои можност да се приклучи на тимот, таа нема да се појави во филмот – се наведува во соопштението.

Ова ќе биде прв филм за Кевин Спејси по обвинувањата за сексуална злоупотреба.

Да потсетиме, актерот Ентони Рап своевремено го обвини дека го злоупотребил кога бил тинејџер. Подоцна, уште 15 лица пријавија дека го обвинуваат Спејси за истата работа.

Вкупно беа поднесени шест обвиненија, но постапката на крајот беше запрена бидејќи немало докази.

Слични содржини