Разрешениот претседател на регионалната Влада на Катлонија, Карлес Пуџдемон вчерва со авион отпатува од Брисел за Барселона, објави шпанскиот весник „Вангардија“.
Весникот пренесува изјави на патници кои тврдат дека Пуџдемон се наоѓа во авионот со нив на лет кон Барселона.
Шпанското Обвинителство најави обвиненија против Пуџдемон и 13 членови на неговата Влада, по што Врховниот суд денеска ги повика в четврток да се појават на сослушување во рамките на истрагата што се води против нив поради бунт, поттикнување на бунт и проневера на фондови,
Пуџдемон петходно од Брисел порача дека „веднаш ќе се врати дома“ доколку Шпанија му гарантира фер судиски процес и дека е подготвен и да заврши во затвор во интерес на независноста на Каталонија.
Доколку бидат прогласени за виновни по посочените обвиненија, Пуџдемон и неговите соработници би можеле да заработат до 30 години затвор.