Професорот и член на Мешовитата историска комисија, Огнен Вангелов вели дека негов мандат не е зачувување или давање идентитет.
-Нашиот мандат е разгледување на учебниците по историја и образовните програми, приговорите од бугарска страна и дали може да дојдеме до некое решение за да ги намали тензиите меѓу двете општества. Идентитетот не може да биде ставен на маса и тоа да биде предмет на преговори. Институционалната грижа за јазикот затајува и тоа е подолгорочен проблем. Нема соодветна грижа за јазикот. Очигледно е по електронските медиуми дека употребата на македонскиот јазик е полоша, а тоа е затоа што нема доволно средства за лектори. Вработувањето лектори е неопходно. Формално институциите имаат лектори, но колку еден може да ги помине сите текстови не знам колку е возможно. Треба да има поголем опсег на вработувања и да се воведе ред во таа ситуација, рече Вангелов во емисијата „24 анализа“.