Лично сметам дека тешко ќе се крене бугарското вето до јуни. Тешко дека до таков договор. Не знам точно за што се преговара. Ние во Комисијата разговараме за други работи и не ми се познати деталите на преговорите, вели членот на Мешовитата историска комисија, Огнен Вангелов во емисијата „Само вистина“.
Вангелов не очекува некаков пробив до јуни.
-Лично не ми укажува ништо дека такво нешто би се случило. Од доаѓањето на бугарскиот премиер на чело на владата, беше направен обид да се префрлат темите во други сектори, а нашата Комисија да се остави на страна, што е добар потег. Ако и се остава на Комисијата да ги решава проблемите меѓу Бугарија и Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, тоа тешко може да се промени во брз рок. Тие работи и процеси бараат подолг временски рок на решавање, кажа Вангелов.
Според него, нема директни мешања од власта во работата на Комисијата.
-Нема директни присуства, ниту доаѓање на средбите, рече Вангелов.