Вангеловски ја трга Неделкова од предметот за притворот на Сеад Кочан?

од Vladimir Zorba
116 прегледи

 Заглави барањето за заштита на законитоста на притворот за Сеад Кочан поднесено од јавниот обвинител Марко Зврлевски поради промени во составот на Кривичниот совет во Врховниот суд, кои ги направил претседателот Јово Вангеловски.
Според неофицијални информации, предметот паднал во рацете на поранешната претседателка Лидија Неделкова која на седница која ја одржал Советот изразила мислење дека Врховен треба да го отфрли барањето бидејќи Зврлевски не е надлежен за предметите на  специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Токму тоа било причина за промена на Советот.
Но, претседателот Вангеловски  не беше достапен за коментар дали навистина ги оддалечува од предметот судиите кои сметаат дека државното обвинителство не е надлежно за предметот за Кочан.
И Јанева сметаше дека Зврлевски не е надлежен за предметот и веднаш до Врховниот суд достави допис со кој го повлече барањето повикувајќи се на членот 5 од законот за СЈО според кој, единствено тие се надлежни за истражување на делата поврзани со незаконското следење на комуникациите во земјава. Дополнително Јанева побара и иземање на претседателот Вангеловски од предметот поради тоа што неговото име се среќава во т.н бомби но и поради опасност од негово влијание сега откако е повторно прв човек на највиоскиот суд во земјава.
Барањето за преиспитување на одлуката на Кривичниот и Апелациониот суд кои одредија притвор за бизнсменот Кочан беше поднесено една недела по средбата на Вангеловски со Зврлевски.
За органите на прогонот бегалец, за бранителот на службен пат. Кочан речиси еден месец не е во државава откако кривичниот совет на Основниотс ду Скопје 1 му одреди притвор како првоосомничен во предметот на СЈО „Труст“ според кој се товари дека со лажна документација добил тендер од ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. /ТВ 24