Ванхауте денеска повикан на седницата на Анкетната за прислушувањето

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Белгискиот експерт Питер Ванхауте се очекува денеска во Собранието да присуствува на продолжението на седицата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.ванхауте

Претседателот на Комисијата Петре Шилегов од СДСМ вчера рече дека разговарал со Ванхауте и дека тој ќе дојде на седницата за да се произнесе во врска со одлучувањето односно гласањето на претседателот на Комисијата во случај на еднаков број гласови. Ова е едно од неколкуте суштински прашања за кои членовите на Анкетната комисија не можат да се договорат и да го донесат деловникот за работа.

Претставници на пратеничките групи во изминатите два дена се координираа за да го усогласат текстот на Предлог-деловникот, но тоа не се случи.

Суштински разлики меѓу пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата има и за членот 1 кој се однесува на тоа врз основа на кои законски акти ќе работи Комисијата, во врска со начинот и времетрањето на излагањето на сведоците и за тоа дали да има директен пренос на собранискиот канал на седници на Анкетната комисија.

Несогласувања на вчерашното продолжение на седницата имаше и во врска со начинот на одлучување за членовите на Предлог-деловникот.

Белгискиот експерт Ванхауте посредува во разговорите на четирите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА за излез од политичката криза во земјата.

Слични содржини