Ванхауте остана без ангажман од ЕУ

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Белгискиот посредник Питер Ванхауте повеќе нема да биде пратеник на Европската Комисија, дознава Алсат М , која пак се повикува на канцеларијата за информирање на ЕК. Портпаролката Маја Коцијанчиќ посочила дека договорот меѓу Комисијата и Питер Ванхауте е при крај и дека тој нема да работи како експерт финансиран од ЕУ.
231691
По неуспехот на преговорите за медиумите, Ванхауте најави враќање на стариот формат на преговори, што наиде на отпор од ВМРО – ДПМНЕ, која одби да се врати на маса со белгискиот експерт.

Претходно Ванхауте изјавуваше дека сеппак ќе остане во државата како слободен консултант, надвор од ангажманот  на ЕК, едноставно  туку како приватен експерт.