Писмо со потписите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ќе биде испратено до Советот на јавни обвинители и Уставниот суд, потврди олеснувачот во преговорите во работните групи Питер Ванхауте
– Вчера имавме продолжени разговори пред се, за прашањата околу специјалниот обвинител и целата ситуација и предизвиците со Уставниот суд. Имаше договор вчера да испратиме писмо до двете институции со барање да се справат со овие ситуации што побрзо. Денеска ќе дискутираме за изборниот законик и се надевам дека ќе го финализираме што побрзо. Многу сме блиску да ги финализираме последните детали за да може да биде предаден на Парламентот до понеделник за да го одобри, рече Ванхауте.
