Ванхојте до Груевски:Кога на некој не му се допаѓа пораката, го убива гласникот

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Нема да коментирам многу, само сакам да кажам кога некому не му се допаѓа пораката , го убива гласникот. Вака посредникот Питер Ванхојте за телевизија 24 Вести ја искоментира изјавата на премиерот Груевски дека тој е само извршител со своја агенда , кој зема дебели дневници и не помага во преговорите.

CAB753E6364B0D4493A87500641A83DB

-Тука сум да постигнам резултати, согласно европските вредности и стандарди. За некои луѓе ова можеби е проблематично, но исто така верувам дека постои само еден начин за напредок кон интеграција во НАТО и ЕУ. Треба барем да се биде проактивен и да се покаже политичка волја дека сте подготвени и активни да имплементирате се што е потребно да се постигнат резултати за интеграција во НАТО и ЕУ, изјави Ванхојте за 24 Вести.

Премиерот Никола Груевски во неколку наврати упати слични обвинувања до Ванхојте. Рече и дека посредникот ги навредил и тие затоа на еден ден ги напуштиле преговорите за медиумите.