Ванхојте: Груевски преземи ја вината за насилствата

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Вчерашните настани во Собранието за што вие и вашата партија ја сносите главната одговорност, затоа што вие сте тие кои го поттикнавте насилството, ќе биде запаметен како уште еден црн ден во македонската историја. Да бидам јасен: спротивставување на демократски процедури со употреба на насилство во парламент е неприфатливо, пишува Питер Ванхојте во обраќањето до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

„Свесен сум дека ВМРО сѐ уште е најголема партија во Парламентот, но тоа не значи ништо ако не сте во можност да формирате мнозинство. И тоа е токму она што вие, г-дин Никола Груевски, и вашата партија, треба да го прифатите: победа на избори не значи и освоена власт. Денес: вие сте главната опозициска партија во Парламентот бидејќи го изгубивте мнозинството во Парламентот и ја загубивте власта. И никакво насилство не може тоа да го промени“, стои во писмото на евро-посредникот  во преговорите меѓу четирите партии во Македонија за постигнување договор за предвремени избори./24вести

Слични содржини