209
Овошни мафини со вкус на ванила.
Состојки:
– 130 гр путер
– 120 гр шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 2 јајца
– 180 гр јогурт
– 250 гр брашно
– 2 лажички прашок за пециво
– 60 мл млеко
– 250 гр вишни
Подготовка:
Подгответе калап за 12 мафини, па вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени.
Изматете ги путерот и шеќерот, додајте ги јајцата едно по едно додека постојано матите.
Потоа додадете јогурт, млеко и брашно измешано со прашок за пециво и ванилин шеќер. Мешајте додека убаво не се соедини.
Исклучете го миксерот, па додадете вишни и полека измешајте со лажица. Наполнете го калапот со тесто и печете ги мафините околу 25 минути.