Брауни со вишни

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 150 гр чоколадо за готвење

– 125 гр путер

– 100 гр кафеав шеќер

– 75 гр вишни (можете да користите вишни од компот)

– 100 гр брашно

– 1/2 лажичка прашок за пециво

– 2 јајца

Подготовка:

Чоколадото искршете го и растопете го заедно со путерот.

Во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете го брашното што сте го просеале и измешале со прашокот за пециво.

Додадете ја растопената чоколада и 50 грама вишни, па полека измешајте.

Истурете ја смесата во правоаголен калап обложен со хартија за печење што сте ја намокриле и исцедиле за полесно да се обликува.

Израмнете ја површината со влажна шпатула или со тркалезната страна од лажицата и распоредете ги преостанатите вишни.

Печете 15 минути на 190 степени. Изладениот колач исечете го и послужете.

Слични содржини