Ванковска и Јакимовски се приближуваат до потребниот број потписи за учествуво во претседателската трка

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Билјана Ванковска предложена за претседателски кандидат од политичката партија Левица, заклучно со вчерашниот ден има собрано 9.085 од потребните 10.000 потписи за да учествува на изборите закажани за 24 април и 8 мај. Зад неа е Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 7.994 потписи, додека другите кандидати од листата со единаесетмина пријавени кои собираат граѓански потписи, се далеку од потребната бројка.

Досега Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски ги собераа потребните 10.000 потписи и ќе бидат на листата со кандидати за изборите. Викендов верификација на претсадателските кандидатури на партиски конвенции ќе добијат актуелниот претседател Стево Пендаровски од СДСМ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ.

Државната изборна комисија соопшти дека сè додека трае собирањето потписи, еднаш дневно ќе прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител одделно и истиот редовно ќе се ажурира.

Постапката за собирање потписи започна на 23 февруари и трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден, на 8 март, ќе работат до 24 часот.

Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Слични содржини