230
Потценувачки е да кажете дека Левица е мала партија. Не сум загрижена околу собирањето на потписите. 10 години подоцна тие созреале на една левичарска платформа и идеологија, нешто со кое јас сум пораснала. Патeките природно ни се спојуваат и сега ќе го порачаме она што мислиме дека е конзистентно на левичарското гледање на светот и на Македонија во светот. Ќе почнеме од Македонија, изјави претседателската кандидатка, Билјана Ванковска.
За функцијата и ингеренциите на претседателот, професорката истакнува дека белегот и личноста најдобро може да дојдат до израз.
-Зрелоста на годините, знаењето и животното искуство можат да придонесат. Времето е дојдено и созреано, рече меѓу другото Ванковска во емисијата на „Слободен печат“.