ВАР води 3:0 против Лукаку

од Vladimir Zorba
452 прегледи

Лукаку – ВАР 0:3. Најголемиот малер во првите две кола на УЕФА ЕУРО е секако напаѓачот на Белгија кој трипати се радуваше што постигна гол и трипати беше тажен по интервенција од ВАР-салата.

Напаѓачот на Челси, минатата сезона на позајмица во дресот на Рома, двапати ја тресеше мрежата во поразот од Словачка, синоќа еднаш на славјето против Романија, но во сите три случаи реагираа судиите и со помош на технологијата му посочија дека тој беше офсајд.

Додуша, со првиот гол против Словачка и синоќа против Романија, Лукаку беше малку офсајд, невидлив за помошниот судија, но не и за технологијата. Вториот против Словачка во 86. минута беше откажан поради играње со рака на соиграчот Луи Опенда, кој го откри чипот во самата топка на Адидас и им даде знак на судиите во ВАР просторијата.

По 180 минути Лукаку е и фудбалерот кој упати најмногу удари кон голот (пет), игра одлично во поле, но засега нема среќа. Ниту со ВАР, ниту со голманите кои му ги бранат ударите.

Слични содржини