374
Манчестер Јунајтед најде решение за порозната одбрана во тимот на Реал. Поранешниот стопер на „кралскиот клуб“, Рафаел Варан, ги завршува последните формалности, а денеска треба да потпише договор со „црвените ѓаволи“.
Французинот е во Англија неколку дена, но потпишувањето на договорот беше одложено поради правилата за карантин. Варан има 28 години и го носеше дресот на Реал дури 10 претходни сезони. Пристигна како тинејџер од Ленс и освои четири Лиги на шампиони и светски клупски титули со Мадрид, како и три Примери.
Засега не е позната вредноста на трансферот во Манчестер. Се проценува дека англискиот клуб ќе плати околу 45 милиони евра на Мадрид.