Навивачите на Манчестер Јунајтед ќе треба да почекаат малку за дебито на Рафаел Варан. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер објасни дека трансферот на Французинот се уште не е 100 проценти завршен.
– Работите одат добро и потребно е малку време. Се ќе заврши наскоро, но за жал, задолжителната изолација по неговото пристигнување во Англија го одложи неговото деби за овој викенд. Трансферот се уште не е 100% завршен, така што тој се уште не тренирал со нас – изјави менаџерот на Јунајтед.
За потсетување, Јунајтед постигна договор со Реал Мадрид на 27 јули во врска со трансферот на Рафаел Варан. Францускиот дефанзивец (28), пак, пристигна во Манчестер, беше подложен на лекарски прегледи, но клубот сепак не успеа да го регистрира за натпреварот против Лидс утре поради карантинските правила.