Манчестер Јунајтед денеска официјално го потврди доаѓањето на Рафаел Варан, кој се претстави пред публиката на „Олд Трафорд“ пред натпреварот со Лидс.
Французинот (28), кој во кариерата освои 19 трофеи, вклучувајќи четири трофеи во Лигата на шампионите и освојување на Светското првенство 2018 година, потпиша договор до 2025 година. Тој беше дел од француската репрезентација на овогодинешното Европско првенство, а за репрезентацијата забележа 79 настапи.
„Манчестер Јунајтед е еден од најголемите клубови во светот и не можев да ја одбијам можноста да дојдам тука и да играм во Премиер лигата. Сакам да постигнам многу повеќе во кариерата и знам дека дојдов во тим со многу одлични играчи кои имаат иста желба да освојат трофеи. Сакам да оставам трага овде и да дадам се од себе за да бидам дел од славната историја на овој клуб“, рече Варан.