Вардар го потврди првото место во СЕХА лигата

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Европскиот шампион Вардар забележа нова победа во СЕХА, откако славеше кај ППД Загреб со минимални 24:25 (13:11), во дербито од 15.коло на регионалната лига.

Победата за „црвено-црните“ ја донесе Игор Карачиќ, кој погоди во последниот напад за македонскиот тим, а на другата страна Страхиња Милиќ го одбрани ударот на Мраковчиќ за Хрватите и со тоа ги лиши од реми.

Циндриќ и Дибиров со по пет погодоци беа најефикасни кај Вардар, а голманот Страхиња Милиќ запиша 13 одбрани. Кај Загреб, Шушња заврши со пет постигнати гола, а Павлетиќ и Павловиќ додадоа по четири.

Македонскиот шампион по 15 натпревари во СЕХА има 14 победи и само едно реми. До крајот на регуларниот дел од сезоната ќе играат против Динамо Панчево (гости), Нексе (дома) и Војводина (гости).

Слични содржини