Вардар и Елверум ремизираа во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Вардар и Елверум одиграа нерешено 34:34 (20:21) во дуел од Групата А во ракометната Лига на шампиони.

„Црвено-црните“ во последните секунди примија гол и не успеаа да се израдуваат на победа. При резултат 34:33, Вардар имаше можност да ги реши сите дилеми на натпреварот, но Стоилов беше непрецизен. Казната стигна во последната секунда кога Петерсон го совлада голамнот Марко Кизиќ и ги постави конечните 34:34

Кизиќ на крајот запиша 11 одбрани, Анте Гаџа реализираше 8 гола, Иван Чупиќ 6, а Стојанче Стоилов 5.

Вардар остана на последната позиција на табелата, а во среда се игра вториот дуел меѓу Вардар и Елверум, иста така во „Јане Сандански“.

Слични содржини