Вардар со убедливи 3-0 ја совлада Академија Пандев на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари во рамки од деветото коло од Првата фудбалска лига.
„Црвено-црните“ поведоа со гол од пенал, кој во 30-та минута го реализираше Дарко Мицевски. Владица Брдаровски во 73-та минута ја зголеми предноста на Вардар, а 84-та минута истиот фудбалер повторно беше прецизен и ги постави конечните 3-0.
Во останатите натпревари од колото Шкендија ремизираше 2-2 против Ренова. Бесарт Ибраими во 23-та минута и донесе предност на Шкендија од 1-0. Но, Влатко Стојановски во вториот дел направи пресврт за Ренова и во 53-та минута израмни од пенал, а две минути подоцна повторно беше прецизен за водство од 1-2.
Поради исклучувањето на Физник Зука во 67-та минута, Ренова остана со играч помалку, а тоа го искористи Егзон Бејтулаи и со погодок на 11 минути пред крајот на натпреварот ја спаси Шкендија од пораз.
На стадионот во Чаир, Шкупи одигра нерешено 1:1 против Работнички. Себастијан Херера постигна автогол и во деветата минута му донесе водство на Шкупи, но Петар Петковски во 63-та минута беше прецизен за израмување.
Беласица и Силекс ремизираа 1-1, а Македонија ЃП на домашен терен ја совлада Победа со 1-0.