Вардар ќе ги игра двете средби со Металопластика во Скопје

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Сезоната во СЕХА Газпром лигата ќе заврши со осминафиналните дуели меѓу Вардар1961 и Металопластика. Победникот од тој двомеч ќе се пласира во четврт-финалето на СЕХА лигата чии дуели дополнително ќе бидат закажани, но ќе се играат во август.

Вардар1961 и Металопластика се договорија своите две средби од осмина-финалето да ги одиграат во Скопје, на 7 и 8 јуни. Првата средба е закажана за 7 јуни со почеток во 17,30 часот.

Следниот ден, на 8 јуни ќе се игра вториот меч, повторно во 17,30 часот.

Тоа ќе бидат и последни средби за Вардар1961 сезонава бидејќи претходно планирано е домашното првенство да заврши на 3 јуни.

Слични содржини