Вардар обезбеди место на завршниот Ф4 турнир во СЕХА лигата

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Екипата на европскиот шампион Вардар оствари побед против словачки Татран со 30-22 (14-13) во регоналната СЕХА Газпром лига.

Триумфот на „црвено-црните“ не беше доведен во прашање иако во текот на добар дел од средбата домашните ракометари постојано беа зад вардарци, и неколкупати дури и го израмнија резултатот.

Ова е 25 натпревар по ред на кој Вардар освојува бодови, што е нов клупски рекорд. Од тоа 13 натпревари се во СЕХА Газпром лигата, 10 во Лига на шампионите и еден во домашниот Супер Куп и еден во Супер Глоуб.

Најпрецизен за македонскиот тим беше Тимур Дибиров со 9 гола, додека Криштопанс, Циндриќ и Војводиќ постигнаа по 5.

Со овој триумф Вардар и теоретски обезбеди место на завршниот Ф4 турнир во регионалното натпреварување. По 13 одиграни натпревари Вардар им 37 бода и останува лидер на табелата.

Слични содржини