Вардар остана без спортскиот директор

од desk2
25 прегледи

Високотрофејниот македонски фудбалски клуб „Вардар“ објави дека во периодот кој следи ќе добие нов спортски директор, откако клубот се раздели со актуелниот Игор Ивановски.

„После четиринаесет месеци повеќе од успешна соработка, ФК Вардар АД и спортскиот директор на клубот Игор Ивановски, спогодбено се разделија. Клубот му благодари на сработеното и му посакува успешна следна епизода во животот“, соопштиклубот.

Ивановски стана дел од „Вардар“ при неговото преземање од страна на новото раководство и заминува со освоена титула во Купот на Македонија.