Вардар поразен од Кил

од Vladimir Zorba

Актуелниот европски и македонски шампион Вардар вечерва во Скопје претрпе висок пораз од бундеслигашот Кил со 31:20.

Со само два гола од игра и вкупно четири во првото полувреме, вардарци не можеа да се надеваат на ништо повеќе од убедлив пораз.

Германците го отворија мечот со серија од четири погодоци, а „црвено-црните“ првиот погодок го псотигнаа дури во 11.минута и тоа од пенал. Во 20.минута водството на Кил за прв пат беше двоцифрено (11:1).

Вториот гол Вардар го даде дури во 22.минута, а на полувреме се отиде со 16:4 за гермаснкиот тим.

Домаќините во вториот дел беа поефикасни и во 45.минута ја намалија негативата на минус осум, а на 10 минута пред крајот резултатот на семафорот беше 18:23. Сепак дом крајот вардарци немаа сили за целосен пресврт и го платија цехот за слабото прво полувреме.

Најефикасни кај Вардар беа Дибиров со пет и Криштопанс со четири гола. Во победничкиот тим најдобри беа голманот Ландин со 15 одбрани. Дувњак и Пекелер со по шест погодоци.

И покрај високиот пораз вардарци од шест и полилјадната публика беа испратени со овации и порака дека и понатаму остануваат со нив.

За Вардар ова беше прв пораз по четири кола во Лигата на шампионите по што го препушти врвот на табелата на Кил.

Слични содржини