366
Ракометниот клуб Вардар денеска по 15-ти пат стана шампион на Македонија. Ова е седми последователен трофеј за скопскиот тим.
Избраниците на тренерот Дејвис не дозволија изненадување во последното коло од првенството и славеа со 37:25 против тимот на Тиквеш.
За Вардар ова е втора година во низа како освојува двојна круна во Македонија, откако неодамна го освоија Купот во Кавадарци.
Најдобри кај Вардар беа Дибиров со 10 гола и Талески со седум. Во редовите на Тиквеш Страхиња Симиќ постигна седум, а Јане Јанчев четири гола.