Се уште е активен пожарот во депонијата Вардариште во општина Гази Баба, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Оттаму информираат дека на територија на цела држава до 12 часот имало уште неколку активни пожари: во село Шутово, општина Кичево и во село Горенци, Општина Центар-Жупа. Два активни пожари има во општина Бутел, во Визбегово, пат за Горно Оризари и на улица „5“ во Визбегово.
Изгаснат е пожарот на територија на општина Гевгелија, на планина Кожуф (приземен пожар).
За случајот со Вардариште, иако полицијата поднесе кривична пријава против тројца за загрозување на животната средина и кои завршија во 30-дневен притвор, а обвинителството отвори истрага, депонијата повторно чади. Попладнево нов протест. Граѓаните бараат решение.