Варди не сака да игра во Чемпионшип, туку се стреми кон Премиер лигата

од Vladimir Zorba
50 прегледи

Ветеранот Џејми Варди се надева дека ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија медиумите во Англија.

38-годишниот напаѓач не сака да игра во Чемпионшип, втората англиска дивизија. Варди веќе објави дека го напушта Лестер на крајот од оваа сезона.

Фудбалерот игра за клубот од 2012 година и стана шампион на Англија, освојувач на Купот и Суперкупот на земјата.

Слични содржини