Претставници на македонските Бугари во земјава, како и претставници на бугарските здруженија денеска во Брисел остварија средба со еврокомесарот за проширување и соседство, Оливер Вархеји.
„Повеќе од 2 години се обидуваме да воспоставиме дијалог со властите во РСМ, но безуспешно. На еврокомесарот Оливер Вархеји му кажавме дека сме тука бидејќи нема дијалог меѓу претставниците на властите во РСМ и бугарската заедница во земјава. Иднината на РСМ е во ЕУ, но тоа не може да се направи на сметка на Бугарите кои живеат во земјава“, изјавиле за БГНЕС, Петар Колев и Георги Трендафилов од Граѓанско-демократската унија (ГДУ) и Љупчо Георгиевски од бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола.
Од Брисел тие ѝм замерија на македонските институции за Законот за здруженија и фондации.
„Парламентот во РСМ наместо да работи на измени за вклучување на Бугарите во Уставот со цел побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ, донесува законска регулатива со цел затворање на клубовите на локалните Бугари. Очекуваме во следниот извештај на Европската комисија за напредокот на РСМ да бидат вклучени прашањата за кои разговаравме на оваа средба“, рекле тројцата после средбата со Вархеји.
Средбата се одржала на барање на бугарските организации испратено на 2 декември, откако еврокомесарот во ноември вети дека ќе ги прифати доколку му се обратат.
Фото: БГНЕС