Вархеј: Западен Балкан е геостратешки приоритет повеќе од кога било

од Берта Китинска
230 прегледи

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеј, изјави дека Западен Балкан е геостратешки приоритет за Европската Унија повеќе од кога било за време на украинската криза и порача дека е неопходно да се забрза процесот на проширување на овој регион и неговата европска перспектива да се претвори во реалност.

„Покрај социо-економските предизвици предизвикани од кризата поради Ковид-19, со кои сè уште се обидуваме да се справиме, руската војна во Украина постепено го зголемува нивото на уништување, а бројот на загинати во Украина расте експоненцијално. Оваа агресија мора да заврши“, рече Вархељ, а беше објавено на официјалната веб-страница на ЕУ.

Слични содржини