Вархеји доаѓа во С.Македонија и ги носи првите вакцини од ЕУ

од Берта Китинска
275 прегледи

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска  ќе ја посети Северна Македонија по повод пристигнувањето на првите вакцини против Ковид-19.

Заедно со Вархеји, во Скопје ќе допатува и австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер.

Вархеи во Владата ќе има средба со премиерот Зоран Заев и ќе го посети центарот за вакцинација во арената „Борис Трајковски’’, заедно со австриската министерка за ЕУ Каролине Едштадлер.

Како што објавија Европската Комисија и Австрија на 20 април, вкупно 651.000 дози на Бионтек/Фајзер ќе му бидат доставени на регионот, на неделна основа, од почетокот на мај до август. Од нив, 119.123 вакцини ќе бидат за Македонија. Овие вакцини ќе помогнат да се забрза кампањата за вакцинација против ковид-19 и да се осигура дека најизложените медицински работници и дел од најранливите групи се имунизирани.

Македонија, Косово и Босна и Херцеговина треба да го добијат најголемиот дел до ветените вакцини од ЕУ до август. Од вкупно 651.000 дози, една третина, односно 214.000 дози, треба да ѝ бидат дадени на БиХ, 145.000 на Албанија, 119.000 на Северна Македонија, 95.000 на Косово, 42.000 на Црна Гора и 36.000 на Србија.

Покрај Македонија, првите дози како донација од ЕУ ќе ги добијат и останатите земји од Западен Балкан.

– ЕУ покажува солидарност и грижа во однос на земјите од Западен Балкан од самиот почеток на пандемијата. За Северна Македонија, ЕУ обезбеди околу 230 милиони евра за итни медицински набавки и како поддршка во ублажувањето на социо-економските последици од пандемијата, стои во соопштението на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Слични содржини