Вархеји беше во Софија и неговото доаѓање во Скопје е поврзано со таа посета, за да се разгледаат различни предлози и варијанти, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи за денешното доаѓање на европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји во Скопје.
Тој потенцира дека во моментов работат во услови на техничка влада во Бугарија, каде разговараат за решенија за одредени разлики.
-Очекувам Вархеји да ги пренесе впечатоците од посетата во Софија и евентуално да пренесе пораки и да даде негови идеи, како да се искористи овој период. Останува мал прозорец на можноста во декември, затоа што тогаш ќе бидат завршени изборите кај нас и во Софија. Се надевам дека ова ќе го довршиме пред почетокот на француското претседателство со ЕУ, наведува Османи во гостувањето на „Утрински брифинг“.