Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји го поддржа ставот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови земји-членки до 2030 година, спротивно на официјалната изјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, пишува порталот „Политико“.
Вархеји не се согласува со ставот на својата шефица дека не треба да има целен датум за проширување на ЕУ, со што се доведува во прашање внатрешното единство на извршното тело на Унијата во однос на оваа клучна тема, пишува бриселскиот портал.
Навраќајќи се на предлогот на Мишел дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови членки во 2030 година, Вархеји изјави дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови членки до таа година.