Вархеји ја осуди забраната за влез на Ковачев во Македонија

од Nikola Popovski
361 прегледи

Еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји се огласи со реакција по одбивањето на македонските гранични служби да им дозволат влез на петмина бугарски државјани, меѓу кои и европратеникот Андреј Ковачев.

-Го осудуваме одбивањето за влез на европратеникот Андреј Ковачев во Северна Македонија на 6-ти мај. Ја повикуваме владата на Северна Македонија итно да ја расчисти ситуацијата. Одбивањето влез на пратеник во Европскиот парламент е многу сериозна одлука, објави Вархеји на Твитер.

Пред два дена владеачката бугарска партија ГЕРБ соопшти ќе се жали до официјалните власти на ЕУ по повод одлуката за забрана.

Министерството за внатрешни работи официјално информира дека забраниле влез во државата на петмина бугарски државјани поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија.

Ковачев во саботата обелодени дека од македонските гранични служби добил „еден лист на кој пишува дека има уредба дека не им се допушта влез во Република Северна Македонија“.

-Јас сум крајно збунет од ова бидејќи пред само неколку дена имавме средба со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи. Ги поддржавме да ги започнат преговорите за членство во Европската унија. Не ми е јасно зошто постои овој став, коментирал Ковачев, пренесе „БТА“.

Слични содржини