Вархеји ја поздрави испораката на вакцините во С. Македонија преку Ковакс-системот

од Nikola Popovski
235 прегледи

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји ја поздрави испораката на вакцини против Ковид-19 во С. Македонија и Црна Гора преку Ковакс-механизмот.

„ЕУ е меѓу оние кои најмногу придонесуваат во Ковакс-системот и е во солидарност со своите партнери за да се обезбеди вакцините да стигнат до сите. Ќе излеземе заедно од пандемијата “, напишал Вархеји на својот профил на Твитер.

Денес, во Црна Гора и С. Македонија, преку програмата Ковакс, пристигнаа 24.000 дози на вакцината Астразенека.

ЕУ во својата порака на Твитер рече дека поддршката на Унијата во Ковакс-механизмот помага да се осигураат дека безбедните вакцини ќе стигнат до сите подеднакво.

Слични содржини