Вархеји: Клучно е Советот на ЕУ да ја усвои рамката за преговори за С. Македонија

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји повика на усвојување на рамките за преговори за Албанија и Северна Македонија

„Клучно е Советот на ЕУ да ги усвои рамките за преговори за Албанија и Северна Македонија, како и да се забрзаат преговорите со Црна Гора и Србија“, објави Вархеји на Твитер.

Тој рече дека денес ги информирал министрите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ за испораката на вакцини на Западен Балкан и состојбата во процесот на преговори.