Вархеји: Лидерите на ЕУ јасно ја потврдија перспективата за членство на Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека лидерите на Европската унија многу јасно ја потврдиле перспективата за членство на Западен Балкан и повика на забрзување на процесот на проширување.

Тој рече дека проширувањето на Европската унија повторно е на највисоката политичка агенда во Европа, што е многу важен сигнал дека проширувањето ќе се случи наскоро.

„Бидејќи новата геополитичка ситуација му дава поттик на процесот на проширување воопшто, мислам дека сите можеме да се согласиме околу тоа“, рече Вархеји во Брисел.

Слични содржини