319
„Ќе продолжиме да бидеме покрај вас и ќе продолжиме со донации. Денес сум навистина горд дека близу 120.000 вакцини кои се одобрени за Македонија ќе бидат испорачани до крајот на месец август“, рече еврокомесарот Оливер Вархеји на прес-конференцијата од арената „Борис Трајковски“.
Тој посочи дека овие испораки се целосно финансирани од ЕУ и дека ова е подарок за С. Македонија.
„Ова е добар ден за Западен Балкан и мора да биде прекрасен ден за Северна Македонија. Се надевам дека сите ќе се вакцинираат брзо и дека во првите два месеци целиот здравствен персонал ќе се вакцинира“, рече Вархеји.