Вархеји: Отворен Балкан може да ја забрза интеграцијата на регионот во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска во Охрид, на Самитот „Отворен Балкан“ изјави дека иницијативата може да биде можност за забрзување на патот на регионот кон Европската унија.

Вархеји се заблагодари за поканата за учество на Самитот во Охрид, наведувајќи дека ја гледа како покана ЕУ да биде дел од тој процес.

„Мислам дека ‘Отворен Балкан’ не е само добра идеја, тоа е можност да се промени реалноста во регионот, да се надминат предизвиците со кои се соочува“, рече еврокомесарот за проширување и соседска политика.

Слични содржини