Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји денеска во Брисел изјави дека разговорите за укинување на ветото на Бугарија за Северна Македонија се во ќорсокак.
„Она за што сум свесен е дека сме целосно во ќорсокак во однос на Софија. Ова не ме радува особено, бидејќи секој втор вторник го поминував во земјата. Се чини дека внатрешната политика е способна да ја поткопа довербата во ЕУ. Во оваа фаза, мислам дека воопшто не можеме да зборуваме за некаква преговарачка рамка“, рече тој.
Се надеваме дека Северна Македонија и Албанија „денес“ ќе ги започнат преговорите за пристапување во ЕУ и дека не треба повеќе да чекаме поради внатрешни политички причини на Бугарија, дециден е еврокомесарот.
„Многу се надевам дека станува збор за денови, а не за месеци и години“, додаде Вархеји.